Ви Втората машка кошаркарска лига викенд 18-тото коло носи два дерби дуели.

Првиот е во Кисела Вода, во салата „Независна Македонија“, во кој Ангели и МЗТ Скопје У.Б. ќе решаваат на четвртатат позиција на табелата. На тоа место сега се кошаркарите на Ангели со скор (10-6), додека МЗТ Скопје има победа помалку (9-7). Извесно е дека победникот на овој натпревар ќе биде многу поблиску до тоа место, во пресрет плејофот.

Само овој натпревар ќе се игра денеска (сабота), додека останатите четири на програмата се утре (недела).

Дербито е во Чаир во салата „Зеф Љуш Марку“ каде ќе играат второ и трето пласираните екипи. Домашниот состав на Шкупи кој е трет на табелата го превлекува второ рангираниот Маџари. Гостите имаат победа повеќе, а освен тоа беа подобри на првиот меч, кога на свој терен славеа со минимални (76:74). Оттука секоја победа на Шкупи поголема од два поени, ги носи на втората позиција на табела, додека било која победа на гостите од Маџари носи потврда на второто местото, а со тоа и предност на играње на домашен терен во четвртфиналето и полуфиналето од плеј-офот.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО
сабота

17.00 АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА
недела
16:30 MKK КУМАНОВО – МЕГА БАСКЕТ
18.00 ШКУПИ – МАЏАРИ
19.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС
19.00 ТЕТЕКС ТТК – СОКОЛИ
слободен БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Маџари 32, Шкупи 31, МЗТ Скопје У.Б. 27, Ангели 27, Борец баскет 25, Соколи 24Мега Баскет 24, , Работнички 2018 22, Водно Санс 21, Тетекс 18.

Во Скопје, но во