По репрезентативната пауза, викендов продолжуваат натпреварите во Првата машка кошаркарска лига. На распоредот е 18-тото коло, кое носи интересни натпревари.

Уште на стартот, ќе се игра дерби натпреварот. Во него се среќаваат два од нашите три претставници во АБА 2 лигата, ТФТ Моцарт и Пелистер. Ова е дуел на екипи кои се стремат кон горните позиции на табелата. Битолчани има една победа повеќе (12-5), во однос на домашната (11-6).

Нешто подоцна „Под Кале“ е предвидена уште еден натпревар. Ќе играат две екипи од долниот дел на табелата, Вардар и Кожув (двете со ефект 3-14). Во овој дуел двата тима ќе влезат со сериозно променети „ростерите“. Особено тоа се однесува за составот од Гевгелија, кој промени дури десетмина играчи.

Во третиот „скопски“ натпревар Чаир го пречекува Гостивар, а во Охрид гостува кавадаречки Еуро Никел.

И преостанатите два натпревари од ова коло ќе се играат во неделните термини и тоа повторно во Скопје.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18.коло
сабота

13.00 ТФТ – ПЕЛИСТЕР (МРТ)
16.00 ВАРДАР – КОЖУВ
18.00 ОХРИД – ЕУРО НИКЕЛ
19.00 ЧАИР – ГОСТИВАР
недела
19.30 РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, Работнички 29, Еуро Никел 29, Пелистер 29, Чаир 29, ТФТ 28, Феникс 27, Гостивар 22, Академија ФМП 21, Охрид 20, Кожув 20, Вардар 20.

▶🔴 ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО