Интересен натпревар одиграа кошаркарите на Чаир и Гостивар во рамките од 18.коло на Првата машка лига.

Дуелот одигран во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, заврши со победа на домаќините со 89-78.

Во прва четвртина гостиварци имаа и девет поени предност, ја добија до (22-20). Во втората, домаќините беа оние кои имаа +8 (30-22), за на пауза резултатот да гласи 45-42 за Чаир.

Иако на почетокот на второто полувреме чаирчани имаа и +11 во три наврати, Гостивар остана во игра. Во последниот период домашниот состав влезе само со поен плус (64-63). Но, немаа сили избраниците на Давитков да направат комплетен пресврт, а Чаир крајот славеше со 89-78.

Сите играчи од првата петорка на Чаир имаа двоцифрен број на поени, а најмногу Валмир Какруки 20. На спротивната страна Американецот, Имграм постигна 20, а неговиот сонародник Вилијамс со 36 беше најефикасен.

Со оваа победа Чаир има 31 бод како и лидерот МЗТ, а еден повеќе од Работнички.

Сепак, МЗТ и Работнички уште ќе ги одиграат своите натпревари од оваа рунда.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18.коло
сабота
ОХРИД – ЕУРО НИКЕЛ 77-71
ЧАИР – ГОСТИВАР 89-78
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 77-66
ВАРДАР – КОЖУВ 78-92
недела
19.30 РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, Чаир 31, Работнички 30, Еуро Никел 30, Пелистер 30, ТФТ 30, Феникс 27, Гостивар 23, Кожув 22, Охрид 22, Академија ФМП 21, Вардар 21.