Актуелниот шампион тимот на Баскет Кам е првиот кој обезбеди пласман во финалето на Купот на Македонија.

Кошаркарките од Македонска Каменица славеа победа со 90-70 во првото полуфинале на завршниот турнир што се игра во СЦ „Кале“ во Скопје.

Тие ја оправдаа фаворитската улога и од самиот старт па до крајот постојано ја контролираа играта и резултатот.

Уште во првата четвртина направија голема предност од 19 разлика (30-11). Дојде до опуштање во вториот кој го доби противникот со (20-28), па на полувреме Баскет Кам замина со 11 предност (50-39).

Кривопаланчанки го добија и третиот период (15-9), па во последниот влегоа само со пет негатива (54-59). Сепак немаа сили да направат комплетен пресврт, па Баскет Кам славеше со конечни 90-70.

Драгана Зубац со 21 и Цветанка Димова со 19 поени беа најефикасните кошаркарки во победничката екипа, за која Кметовска и Поп Димитровска постигнаа по 17. Кај Крива Паланка се истакна Ајана Мазик со 23 поени која беше и најефикасна на натпреварот.

Кој ќе биде противник на Баскет Кам во утрешното финале ќе дознаеме вечерва.

Во вториот полуфинален натпревар од 18.30 часот ќе играат бранителот на трофејот МЗТ СКопје А. и екипата на Вардар.