Големото дерби на Истокот во НБА лигата го добија кошаркарите на Бостон кои славеа на гостувањето во Њујорк. На дуелот одигран во „Медисон Сквер Гадрен“, Бостон победи со 116-112. Џејлен Браун беше прв стрелец во победничката екипа со 30 поени, за која Летонецот, Порзингис постигна 22 против својот поранешен тим. Бренсон со 34 поени беше најефикасен на натпреварот, но тоа е мала утеха бидејчи „Никси“ беа поразени.

„Селтикси“ се лидери на Истокот и во моментов имаат девет победи повеќе од Кливленд и Милвоки.

И водечката екипа на Западот, Минесота славеше победа. „Вулфс“ триумфираа во дуелот со Њу Џерси „Нетс“ со 101-106. Антони Едвардс доминираше во последната четвртина кога постигна 11 од своите 29 поени. Еден помалку имаше и Карл Ентони Таунд (28) кој додаде и 9 скокови. Сега Минесота има една победа повеќе од Оклахома и од шампионот Денвер, а две повеќе од ЛА Клиперс.

Во последниот натпревар изминатата ноќ, Орландо се помачи да го победи најлошиот тим во лигата Детроит. „Магичните“ славеа на гостински терен со 112-109 иако првите тројца стрелци на натпреварот беа од редовите на „Пистонси“.