Во фудбалската Лига на Европа вечерва беа одиграни последните четири реванш дуели од шеснаесетина финалето. Тимот на Рома е последниот патник во осминафиналната рунда.
Пред двоите симпатизери на „Олимпико“, Рома го совлада Феенорд по подоброто изведување на пенали со 4-2, откако по 120.минути резултатот беше 1-1. Головите беа постигнати во петата и 15-тата минута, па до крајот на регуларниот дел, но и по продолжението немаше друг гол.
Во пенал „рулетот“ повеќе нерви, но и прецизност имаа домаќините кои постигнаа 4 наспроти двете реализации на Феенорд.
Со тоа Рома го пополни списокот од осум тима кои ја минаа првата нокаут фаза. Претходно тоа го сторија: Олимпик Марсеј, Спарта Прага, Спортинг Лисабон, Милан, Бенфика, Фрајбург и Карабах.
Овие екипи им се приклучија на осумте тима кои директно обезбедија осминафинале.
Тоа се тимовите на: Ливерпул, Вест Хем, Брајтон, Глазгов Ренџерс, Аталанта, Виљареал, Баер Леверкузен.
Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во петок (23 февруари) во Нион, во 12 часот.
ЛИГА ЕВРОПА – 1/16 ФИНАЛЕ (реванш)
РОМА – ФЕЕНОРД 4-2 на пенали 1-1 (1-1 прв натпревар)
О. МАРСЕЈ – ШАХТЈОР 3-1 (2-2)
СПАРТА ПРАГА – ГАЛАТАСАРАЈ 4-1 (2-3)
СПОРТИНГ Л. – ЈАНГ БОЈС 1-1 (4-1)
претходно одиграни
РЕН – МИЛАН 3-2 (0-3)
ТУЛУЗ – БЕНФИКА 0-0 (1-2)
ФРАЈБУРГ – ЛЕНС 2-0 по продолжение 0-0 (0-0)
КАРАБАХ – БРАГА 2-3 по продолжение 0-2 (4-2)