Првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу Наполи и Барселона заврши без победник 1:1. Така реваншот по две седмици ќе решава кој тим ќе игра во четвртфиналето.

Љубителите на фудбалот очекуваа многу повеќе од дуелот на италијанскиот и шпанскиот шампион. Но, се што добија се само двата гола во вториот дел.

Единствената посериозна шанса во првото полувреме ја имаа гостите од Шпанија, Во 25-тата минута Левандовски биеше, но Алекс Мерет чудесно одбрани.

Барса беше поконкретна во вториот дел. Тоа резултираше со голот на Левандовски во 60.минута за водство од 1:0.

Домаќините и немаа којзнае каква игра, но упорноста на Виктор Осимен се исплатеше, кога во 75.минута израмни на 1:1.

Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот, што ветува интересен ревеш. Натпреварот во Барселона е закажан за 12 март.