Екипата на Порто во судиското продолжение дојде до триумф над Арсенал. Натпревар во кој делуваше дека двете екипи се без сила да постигнат гол, на самиот крај заврши со 1:0 за домаќините.

Во првото полувреме двете екипи не успеаја да го пронајдат патот до голот. Најблиску беше Порто преку Галено, но тогаш се наоѓаше во офсајд позиција. Арсенал се обидуваше да дојде до гол но не дојде до подобра шанса. На полувреме се замина со 0:0.

Во второто полувреме ништо не се промени. Ниту една екипа не дојде до поквалитетна шанса за разлика од првиот дел. Но, затоа Галено на самиот крај (90+4) успеа со „евро-гол” да предизвика ерупција на „Естадио Драгао”.

Порто влегува во реваншот со предност од 1:0. На „Емирати“ Арсенал ќе се обиде со помош на своите навивачи да направи целосен пресврт на резултатот и да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на Шампиони.