Екипата на Интер со „минималец” го победи Атлетико Мадрид. Со резултат од 1:0 „неро-аѕурите” беа подобри на „Џузепе Меаца” од Чоло Симеоне и неговиот Атлетико Мадрид.
Првото полувреме беше возбудливо. Интер напаѓаше повеќе, Атлетико проба да возврати ама беа неуспешни во секој обид. Интер имаа две големи шанси, но „ѕидот” на Атлетико лесно се справи со тие шанси. На полувреме се замина со 0-0.
Во првите 10 минути во вториот дел имаше по две одлични шанси на двете страни ама немаше никаков плод. Интер продолжи да напаѓа и сето тоа на крај донесе гол. По „електричен” контра-напад во 79.та минута каде ударот на Лаутаро беше одбранет Марко Арнаутовиќ собра „одпадок” и постигна гол. Резултатот до крај остана не промет.
Во реваншот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, Интер не се наоѓаат во подобра позиција. Натпреварот во Мадрид е закажан за 13 март.