Можеби најголемото изненадување ако не и најголемо денеска го направи тимот на Бохум во 22.коло од Бундес-лигата.

На свој терен со одлична игра и пресврт го совладаа шампионот Баерн Минхен со 3-2 полувреме (2-1).

Поведоа баварците преку Мусиала во 14-тата минута. На 1-1 израмни Асано во 38-тата минута, а домаќините заминаа на полувремето со предност од 2-1 со голот на Шлотербек во 44-тата минута. 

Во второто полувреме Баерн Минхен остана со играч помалку откако Упамекано го заработи вториот жолт картон во 78-та минута.

Во истата минута Стогер реализираше пенал и му донесе на Бохум предност од 3-1. 

Баерн Минхен и со играч помалку на теренот постигна гол во 87-та минута преку Хари Кејн за намалување на 3-2.

Гостите се обидуваа на секој начин да стигнат до реми, но Бохум успешно се одбрани и освои три бода вкупно 25 во првенството.

Домаќините незнаат за пораз на домашен терен 10-ти меч по ред. Последен пат загубија од Менхенгладбах на 30-ти септември.

Со овој пораз пак Баерн Минхен сега заостанува веќе осум бода зад Леверкузен во борба за титулата во Бундес лига.

На овој меч не настапи нашиот репрезентативец Агон Елези, ниту пак беше во составот на Бохум.