Битолчани сеуште се немаат израдувани на трофеј во кошарката. Шансата за тоа ја гледаа во Купот на Македонија, чија завршница се игра во „градот на конзулите“. 

На патот до финалето, само второ во клупската историја (2009-та пораз од Амак СП) им стои кавадаречки Еуро Никел.

„Кавадарчани се добра шутерска екипа која има свој ритамот го контролира.

Ние ќе мора да го забрзаме темпо имаме поголема ротација на бековска линија.
Воедно ќе мора да одиграме добро под обрачите, особено со дефанзива, што ќе ни овозможи брза транзиција.

Сепак, нема да биде лесно, бидејќи во Еуро Никел има повеќемина искусни играчи кои добро се познаваат“,

изјави Дарко Радуловиќ, тренерот на пелистерци.

Полуфиналниот натпревар меѓу Пелистер и Еуро Никел е закажан 17 часот, а истиот ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

 

🔴▶ СЛЕДИ (ГЛЕДАЈ) ВО ЖИВО