Фудбалерите на Милан забележаа убедлива победа над францускиот Рен во првиот натпревар од шеснаесетина-финалето на Лигата на Европа.

Пред своите симпатизери на „Сан Сиро“ тимот на Милан славеше над Рен со 3-0 и направи голем исчекор кон осминафиналето.

Англичанецот, Рубен Лофтус-Чик беа двоен стрелец за „росо-нерите“. Првиот гол го посигна во 32-та, а вториот во 48-мата минута. Во листата на стрелци се запиша и Португалецот, Рафаел Леао (53).

Убедлива победа на гости во Португалија кај Брага остварија и фудбалерите на Карабах. Бенфика со гол во 99-минута од пенал и донесе победа на Бенфика против Тулуз, а последниот натпревари, Ленс – Фрајбург, завршија без голови.

Реванш натпреварите ќе се играат следниот четврток (22 февруари).

ЛИГА ЕВРОПА – 1/16 финале прв натпревар
МИЛАН – РЕН 3-0
БЕНФИКА – ТУЛУЗ 2-1
БРАГА – КАРАБАХ 2-4
ЛЕНС – ФРАЈБУРГ 0-0
Претходно одиграно
ФЕЕНОРД – РОМА 1-1
ГАЛАТАСАРАЈ – СПАРТА ПРАГА 3-2
ШАХТЈОР – О. МАРСЕЈ 2-2
ЈАНГ БОЈС – СПОРТИНГ Л. 1-4