По три години во Скопје, Куп на Македонија што го носи името на нашата голема кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур, „се пресели“ во Битола.

Луѓето од КК Пелистер која ја доби организацијата на 32-рото издание на завршниот турнир, не заборавија на ликот и делото на нашиот кошаркарски великан.

Претставникот на раководството на клубот од Битола и компанијата „Таск форс“, Виктор Димовски, му врачи посебно, постхумно признание на синот на нашиот „Буштур“, Борјан Георгиевски.