Во НБА лигата ноќеска беа одиграни само три натпревари.

Големо изненадување приредија кошаркарите на Мемфис кои го совладаа Милвоки со 113:110. Речиси во текот на целиот натпревар „Бакси“ бркаа негатива која не беше поголема од 10 поени, а на крајот загубија со три. Не им помогна ниту расположениот Јанис Антетокумпо кој оствари дабл-дабл со 35 поени и 12 скока не беше доволен за триумф на „Бакс“. Демијан Лилард додаде 24, но и тоа беше залудно.

Неизвесно беше и на натпреварот во Јута каде Голден Стејт славеше со 140:137.

На крајот од третата четвртина „воините“ имаа дури 19 поени повеќе (120:101). Сепак, со одличната игра во последната четвртина Јута дојде на само еден минус поен (137:138). Сепак, домаќините не успеаја да остварат целосен пресврт.

Фантастичен натпревар за Голден Стејт одигра Клеј Томпсон кој постигна 35 поени, иако за прв пат по дебитантската сезона влезе од клупата за резервни играчи. Дрејмонд Грин додаде 23, а Стеф Кари беше нешто порезервиран со 16 поени и 10 асистенции. Во тимот на Јута, Колин Секстон постигна 35 поени, а Кејонте Џорџ 33 поени.

Во третиот меч синоќа, Минесота го декласираа Портланд со 128:91 и тоа на гостински терен

Најефикасен кај победниците беше Ентони Едвардс со 34 поени, а Карл Ентони Таунс постигна 23. Кај Портланд подобар од останатите беше Џереми Грант со 20 поени.