По вчерашните возбудувања што ги донесоа дуелите во Лајпциг и Копенхаген, вечерва две нови средби во осминафиналето на елитното натпреварување.

Станува збор за натпреварите кои ќе се играат во Париз и Рим, а во кои улогите на фаворитите се јасно поделени.

Минхенски Баерн гостува кај Лацио на „Олимпик“. Баварците претрпеа пет порази оваа сезона, последниот во саботата од Леверкузен (0:3). Сепак избраниците на Тухел, се уште не успеаја да врзат два во низа, бидејќи по негативни резултати секогаш следуваше серија од победи.

Од друга страна, Лацио игра променливо. Објективно ќе биде изненадување доколку Римјаните вечерва останат непоразени и покрај враќањето на Чире Имобиле во тимот.

Во вториот натпревар, Париз Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ го пречекува Реал Сосиедад.

Парижаните немаат пораз 16 натпревари по ред во сите натпреварувања, додека Баскијците четири натпревари без победа, но и без постигнат гол. Оттаму е јасно дека улогата на фаворит ја имаат „Светците“.

Сепак, францускиот тим пред себе ќе ја има и лошата традиција во дуелите со шпанските екипи. Имено ПСЖ за кого ова е 12-то осминафинале во низа, дури пет пати е елиминиран во оваа фаза. Од тие пет елиминации, три дојдоа по дуелите со тимови од Шпанија.

Двата натпревари започнуваат во терминот од 21 часот.