Севиља со триумф го изненади Атлетико Мадрид. Екипата од Андалузија славеше со минимални 1:0 против „црвените” од Мадрид.

Резултатот беше отворен во 15.та минута кога Исак Ромеро стрелаше по асистенцијата на Окампос. Исак Ромеро имаше до крајот на првиот дел уште една шанса која не успеа да ја искористи.

Во вториот дел Атлетико нападна имаше дури 10 шута упатени во рамките на голот на Севиља. Атлетико имаше и повеќе посед во вториот дел, но Севиља успеа да одолее на секој налет на „војската” на Симеоне.

По поразот од Атлетик Билбао во купот Атлетико се лизна и во Ла Лига. Со овој пораз Чоло Симеоне и неговите разбојници се на 4.та позиција во Ла Лига со 48 бода на 24 одиграни натпревари. Севиља пак со важен триумф се оддалечува од опасната зона. Со 23 бода на 24 натпревари ја преземаа 15.та позиција во шпанска премиера.