вМанчестер Јунајтед извојува тешка и важна победа од 2:1 на гостински терен против екипата на Астон Вила.

Резултатот на семафорот се промени во 17-тата минута кога Расмус Хојлунд биеше од близина за водство од 1:0 на Јунајтед, постигнувајќи го својот 5-ти гол во низа за „црвените ѓаволи“.

Одлични можност во првиот дел имаа избраниците на Унаи Емери. Сепак Андре Онана беше на висина на задачата и ја зачува мрежата недопрена на полувремето.

Во вториот дел иницијативата на Астон Вила беше наградена со погодок. Даглас Луис во 67-та минута за 1:1.

Добрата игра не беше клучен фактор на овој возбудлив натпревар. Тоа се потврди во 86-тата минута, кога Скот Мектоминеј погоди за 2:1 и победа на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед по оваа победа и сеуште се наоѓа на седмата позиција со 41 освоен бод, но и се доближи на шестопласираната Астон Вила на 5 бодови.