Фудбалерите на Штутгарт го совладаа Мајнц со 3:1 во натпревар од 21.коло од Бундес лигата.

Домашната екипа поведе во судиското продолжение од првото полувреме во 46 минута преку Метелштад, а во 48 минута и за големи 2-0 преку Левелинг.

Победата на Штутгарт ја обезбеди Ундав во 73-тата минута за одлични 3-0.

Гостите успееја да постигна барем еден гол и да го ублажат поразот од 3-1 преку Ајорке во 76-тата минута.

Со оваа победа Штутгарт се зацврсти на 3.место на табелата со 43 бодови.

Сега има седум помалку од Баерн Минхен и 12 од водечкиот Баер Леверкузен.