Ламин Јамал донесе бод на Барса на натпреварот со Гранада. Со резултат од 3:3 Барса почека го губи чекорот наречен првак на Шпанија.

Ламин Јамал ќе биде лице на Барселона и тоа го докажува сезоната. 16 годишникот го отвори резултатот во 14.та минута. Пред крајот на првото полувреме Ричар Санчез изедначи на 1:1.

Во вториот дел Гранда покажа повеќе желба за триумф. Пелистри зголеми на 2:1 во 60.та минута, но Левандовски врати на 2:2 во 63.та за Микуел да донесе ново водство во 66.та за Гранада од 3:2. Гранда полека очекуваше да замине со 3 бода, ама Ламин Јамал го постигна својот втор гол за ново изедначување на резултатот.

Со овој бод Гранада не доби ништо посебно на табелата колку што беше возбудлив. Со 13 бода на 24 натпревари Гранада се на предпоследното место во Ла Лига. Барса пак ја држат цврсто 3.та позиција со 51 бод 5 помалку од 2.та Џирона и 10 помалку од Реал Мадрид.