Дамјан Стојчевски е млад талентиран кикбоксер кој мотивирано цели кон нови успеси.

Дамјан е државен првак во јуниорска конкуренција во две категории, дисциплините лоу-кик и кик-лајт.

Во недела, во ,,Јане Сандански” ќе се одржи Државно првенство на кое Стојчевски ќе атакува на највисок пласман. Дамјан на ова првенство ќе се натпреварува во дисциплините лоу-кик до 60кг. и кик-лајт до 59кг.

Како дел од процесот на подготовки за ова првенство Дамјан учествуваше на кампот на поранешниот кикбоксер Миша Бачулов што се одржа во Нови Сад.

„За ова државно првенство се подготвувам веќе два месеци.

Како дел од подготовките за државното првенство учествував на тренинг кампот на Миша Бачулов.

Овој тренинг камп ми помогна многу за успешно со нови вештини и без повреди да ги завршам подготовките за државното првенство“, изјави Стојчевски.

Дамјан е позитивен и смета дека на ова првенство ќе се покаже во најдобро светло. Тој истакна дека поддршка од публиката ќе има голема улога на ова првенство.

„Верувам во себе и со стекнатото искуство до сега се надевам на одлични и квалитетни борби со топ резултат.

Би им препорачал на сите што можат да дојдат во недела и да не поддржат во што поголема бројка, нагласи Дамјан.