На задоволство на организаторот на африканскиот фудбалски шампионат, домашната селекција на Брегот на Слоновата коска ќе игра финале.

Ова откако во вториот полуфинален меч во Абиџан, домаќините ја совладаа репрезентацијата на ДР Конго минимално со 1-0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот, за делириум не само на трибините туку и низ целата земја беше Себастијан Халер.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд во 65-тата минута одлично се снајде и ја однесе својата селекција во финалето.

Во него, во недела, Брегот на Слоновата коска за трофејот ќе се бори со Нигерија, која беше подобра од Јужна Африка со 2-1.