По зимската пауза, продолжуваат натпреварите во „Бизнис 3х3 Баскет“ турнирот во организација на Спортплан.

Веќе во четврток ќе се играат натпреварите од 12-то коло во С.Ц „Јане Сандански“.

Во оваа четвртата сезоната на „Бизнис 3х3 Баскет“, учествуваат повеќе од 120 играчи од вкупно 12 тима.

Во текот на првата полусезона се постигнаа повеќе од 2700 поени. На првото место полусезоната ја заврши тимот на „Јавна Администрација“, пред  тимот на „Сопро“ и на третото место е одличниот тим на „ЕОС Матрикс“.

Продолжуваат натпреварите помеѓу пријавените екипи со одлична можност за дружење и развивање на тимскиот дух надвор од нивното работно место.

Воедно започнува и пријавувањето за екипи за новата сезона 2024/2025.

Компаниите во Македонија го зголемуваат нивниот интерес за учество на турнирот за да бидат дел од возбудливата „Бизнис 3х3 Баскет” забава.

Идејата е природна и потекнува од една едноставна желба  „Да излеземе од работа и да се дружиме”.

За сите вклучени ова беше одлична можност во студените месеци да играат во сигурна и топла средина во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Сите актуелности и детали поврзани со „Бизнис 3х3 Баскет“ може да ги следите на официјалната Фејсбук страна на лигата (линк).