Екипата на Манчестер Јунајтед оствари важна победа во дуелот со Вест Хем со 3:0. Со новите три бодови “црвените ѓаволи” го минаа денешниот ривал на табелата.

Домашниот тим поведе со голот на Хојлунд во 23.та минута на асистенција на Каземиро.

На стартот од вториот дел Гарначо го зголеми водството по асистенцијата на Бруно Фернандез во 49-та минута.

Истиот фудбалер во 84-та минута ги постави конечните 3:0.

Манчестер Јунајтед е на 6.то место со 38 бодови, додека Вест Хем падна на 7.место со 36.