Фудбалерите на Тотенхем се изнамачија да стигнат до трите бодови во дуелот со Брентфор.

Пред своите симпатизери и со пресврт во вториот дел Тотенхем го победи Брентфорд со 3-2.

Првиот дел гостите го завршија со предност. Поведоа со голот на Французинот, Нил Мопеј уште во 15-тата минута.

Во второто полувреме за само 72.секунди минути „Спарси“ постигнаа два гола.

Во 48-минута Удоги израмни на 1-1, а веќе во следната (49-та) Џонсон донесе водство на Тотенхем од 2-1.

Домаќините стогнаа и до два гола предност откако Ричаллисон погоди во 56-тата минута. И тоа не беше се.

По кардиналната грешка на Удоги, „поклонот“ го искористи Тони и во 67.минута намали на 2-3.

До катот на натпреварот немаше промена на резултатот, па домашните фудбалери и навивачи може да слават.

По оваа победа Тотенхем се врати на 4.место во 43 бодови колку што има и петто пласираната Астон Вила.

Standings provided by Sofascore