Целата кошаркарска јавност со нетрпение го чекаше синоќешниот натпревар меѓу Денвер и Филаделфија. Тоа требаше да биде директен дуел меѓу двајцата најдобри играчи во НБА, Никола Јокиќ и Џоел Ембиид. Сепак до тоа не дојде.

Натпреварот во „Бол Арена“ каде шампионот Денвер ја совлада Филаделфија со 111-105 мина без најдобриот играч на „76-ките“ Ембиид.

Официјално, причина е повреда на коленото што ја почувствувал Ембид за време на загревањето. Од тимот на Филаделфија решија да ја поштедат својот прв ѕвезден, па Ембид остана на клупата.

Таквата реакција наиде на големо незадоволство од присутните во арената, па Ембид постојано беше исвиркуван и исмеван.

За тоа придонесува и фактот дека Ембид последен пат настапи во оваа сала пред повеќе од четири години, односно во ноември 2019 година.