Најнеизвесниот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата се одигра во Сан Франциско. Таму гостуваше ЛА Лејкерс кој по дополнителните пет минути славеше против Голден Стејт.

Иако Стеф Кари имаше брилијантна шутерска вечер постигнувајќи 9 тројки, на крајот „шоуто“ му го украде Леброн Џејмс.

Во регуларниот дел токму Кари го израмни на 118-118 за продолжение.

Во него на 4,7 секунди пред крајот погоди од 8 метри за водство од 144-143. Но, во последниот напад за Лејкерси, Леброн ја презеде одговорноста. Со двете реализирани слободни фрлања му донесе триумф на својот тим со 145-144.

Така бадијала беа 46-те поени на Кари за „Воините“. Леброн заврши со троен ефект со 36 поени, 20 скокови и 12 асистенции.

Од останатите натпревари издвојуваме.

Лос Анџелес Клиперси ги декласираа „Селтикси“ и тоа среде Бостон совладувајќи ги со 115-96.

Уште полошо мина Њу Oрленс на гостувањето кај Милвоки каде „Бакс“ славеа со 141-117.

По рекордната вечер и 73-те поени, Лука Дончиќ беше „скромен“ ноќеска. Словенецот иако имаше трипл-дабл со 28 поени, 17 асистенции и 10 скокови, тоа беше недоволно да се избегне пораз. Далас пред своите симпатизери загуби од Сакраменто со 115-120.