Атлетико Мадрид беше сигурен против Валенсија во Ла Лига. Со победа од 2:0 рутински се справија против „Лилјаците”.

Атлетико од самиот старт покажуваше дека е поквалитетен противник. Теренот „Ванда Меторполитано“ повторно се покажа како неосвоива „тврдина“ за гостинот.

До полувреме Атлетико веќе имаше до кое дојде со голот на Лино.

Во вториот дел домаќините само продолжи да ја одржува својата игра. Многу рано се стави печат на натпреварот. Во 57-та минута за 2:0 погоди Мемфис Депај. Со тоа и го потврди триумфот на Атлетико.

Атлетико Мадрид го искористи киксот на Барселона што не го искористи Атлетик Билбао. Со 44 бода мадридскиот тим се искачи на третата позиција на табелата, потиснувајќи ги Барса и Билбао. Валенсија пак останува уште на 8.та позиција со 32 бода.

Андреј Велјаноски