Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најновата донација распределува вкупно 5.680 фудбалски топки. Станува збор за топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) . Тие ќе бидат распределени на младинските клубовите од сите категории кои се натпреваруваат под „капата“ на ФФМ.

Секој клуб од младинската Супер лига и од младинската Втора лига добива по 80 фудбалски топки. Клубовите од Трета лига и клубовите кои имаат генерации на деца во категоријата петлиња и помали добиваат по 40 фудбалски топки.

Со последната донација на ФФМ за распределба на 5.680 фудбалски топки, вклучени се вкупно 122 клубови.

„Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување…итн.), ФФМ потврдува дека на младинскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач, туку и како на дел од нашиот фудбал кој развива конкретни цели и задачи.

Важно е да покажеме дека базичниот фудбал се третира на вистинско ниво и ќе продолжиме во таа насока“,

изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Претходно, ФФМ за 12 клубови од Првата лига обезбеди 600 фудбалски, a 16 клубови од Втората лига добија 640 топки.

18 клубови од Женската лига (Прва и Втора) распределија 560 фудбалски топки (Reposta), а екипите од ФФМ Детска лига вкупно 3000 фудбалски топки. 200 топки се наменети за тимовите од Прва и Втора футсал лига.

Фудбалските топки произведени по највисоките стандарди на ФИФА се со дизајн на ФФМ. Со новата акција наменета за младинските клубови, ФFM уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции.