Екипата на Еуро Никел е новиот лидер на табелата во Првата машка кошаркарска лига. Ова откако кавадарчани го добија дербито со Пелистер во Битола и тоа по продолжение.
Во мечот од 15-тото коло Еуро Никел заслужено славеше над Пелистер со 83-81 откако регуларниот дел заврши нерешено 72-72.
Во најголемиот дел од натпреварот гостите имаа предност која најмногу изнесуваше 13 разлика. Во самиот финиш Пелистер успеаја да се врати во игра и да израмни. Дубински ја имаше шансата во регуларниот дел да го репи мечот, но не успеа.
Во дополнителните пет минути, повеќе нерви и концентрација имаа гостите. Шутот на Костовски за три и победа на Пелистер беше не прецизен, па кошаркарите на Фени Индустри се радуваа на победата.
Планиниќ со дабл-дабл со 25 поени и 10 скокови заедно со Дубински (22) и Врањеш 18 пони) беа најзаслужни за 12-тата победа на Фени Индустри.
Со оваа победа кавадарчани се израмнија во „скоро“ со шампионот МЗТ Скопје кој вчера загуби од Работнички, но Еуро Никел сега е прв на табелата.
Преостанатите три натпревари од ова коло ќе се играат утре. Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
Денеска
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 81-83 (72-72)
Утре
17:00 КОЖУВ – ФЕНИКС
17:00 ВАРДАР – ЧАИР
17:00 ГОСТИВАР – ОХРИД
0диграно претходно
МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ 91-95
ФМП АКАДЕМИЈА – ТФТ 62-90
ТАБЕЛА: Еуро Никел 27 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, , Пелистер 25, ТФТ 24, Чаир 23, Феникс 22, Гостивар 18, Академија ФМП 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17.