Екипата на Валенсија го совлада Атлетик Билбао во натпревар од 21.коло на Ла Лига. Со резултат од 1:0 Валенсија беше подобра на домашен терен на „Местаља“.

Првото полувреме беше мирно. Билбао беше поопасна екипа, но не дојдоа до гол. Со мирна игра и 0:0 се замина на полувреме.

Во вториот дел темпото не се промени. Но тоа не ги спречи Валенсија да бидат елипата што постигна гол. Хуго Дуро во 61.та минута го постина единствениот гол на натпреварот.

Со овој триумф Валенсија го надмина Лас Палмас на 7.та позиција со 32 бода по 21 коло. Билбао остана на 3.та позиција со 41 бод по 21 коло изедначени со Барселона кои имаат два натпревари помалку.

Андреј Велјаноски