Кошаркарите на битолски Пелистер со победата на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром најавија интересен втор дел во Првата машка лига.

На натпреварот одигра во СЦ „Јане Сандански“ гостите од Битола славеа победа со 72-66.

Одлична прва четвртина одиграа пелистерци кои направија 10 поени предност (24-14). Во втората МЗТ намали четири од таа негатива, па на одмор се замина со +6 за Пелистер (39-33).

И во третиот период Пелистер на два пати имаше двоцифрена предност, но во последниот влезе со само два разлика (55-53). Избраниците на Дарко Радуловиќ се чини повеќе ја посакуваа победата. Не му дозволија на шампионот ниту еднаш да стигне до израмнување иако сино-белите дојдоа само на -2 (61-63). Пелистер знаеше како до триумф и тоа со канелони 72-66.

Андреј Магдевски одигра брилијантен натпревар и оствари дабл-дабл со 20 поени и 11 скокови на кои додаде 8 асистенции. Мијовиќ со 15 беше втор стрелец во победничката екипа за која Маслинко, Костоски, Планиниќ додадоа по 11.

Во домашниот тим прв стрелец беше Расел со 16, а го следеа Војдан Стојановски и Крстевски со по 13 поени.

За МЗТ ова е само втор пораз сезонава и по кој сепак останува на врвот на табелата. Пелистер има „скор“ 10-4 (победи-порази) и е четврти, како и Еуро Никел и Работнички пред него.

Во следното коло МЗТ Скопје го игра вечното дерби со Работнички, а Пелистер е домаќин на Еуро Никел.