Македонските ракометари очекувано се поразени од Франција во воведниот натпревар на Европскиот шампионат.
Иако примија многу голови, сепак мора да се истакне одличниот настап на капитенот Никола Митревски.
Иако Митревски запона од клупата, откако го замени Томовски, нашиот капитен имаше одлични интервенции. Во првиот дел оствари 6, а во вториот додаде уште 4 одбрани.
Сепак и покрај расположениот Митревски на голот, Македонија прими дури 39 голови. Тоа повеќе од јасно укажува дека мора многу по ангажирано да се игра во одбраната.