Екипата на Јувентус се изнамачи да дојде до трите бода на гостувањето против Салернитана.

На дуелот од 19.коло во Серија А, Јувентус до победата со 2-1, стигна со пресврт и гол во судиското дополнение.

Салернитана која е на последното место на табелата, поведе со голот на Маџоре во 39-тата минута.

Но, токму стрелецот на голот во 53-тата минута заработи втор жолт картон, по што домаќините останаа со играч помалку.

Таквата предност Јувентус ја материјализира со голот на Англичанецот, Илинг Јуниор во 65-тата минута.

Гостите се обидуваа да стигнат и до втор гол. Тоа конечно им успеа во судиското дополнение кога Душан Влаховиќ погоди за 2-1.

Јуве повторно е на два бода помалку од водечкиот Интер, додека Салернитана остана на последното место.

Standings provided by Sofascore