Шпанскиот шампион Барселона иако потешко од очекуваното, обезбеди пласман во осминафиналето на Копа дел Реј.

На гостувањето кај четвртолигашот Барбастро, во рамките на осминафиналната рунда, фудбалерите на Барселона славеа победа со 3-1.

Со голот на 20-годишниот Фермил Лопез во 18.минута Барселона го доби првиот дел со 1-0.

По шест минути игра во второто полувреме (51) Рафиња зголеми на 2-0. Но, таквата предност траеше само осум минути. Во 60-тата Де Меса Гарудо намали на 1-2.

Непријатно беше чувството за избраниците на Чави се до самиот финиш.

Во 88-та Роберт Левандовски од пенал ја врати предноста од два гола (3-1), но во третата минута од дополнувањето Прат од пенал намали на 2-3.

Сепак немаше време за домаќините да стигнат до трет гол и израмнување, па Барса славеше победа и пласман во следната рунда.

Таму ќе игра и Сосиедад кој минимално со 1-0 на гости ја победи Малага.