Екипата на Тотенхем неочекувано претрпе пораз на гостувањето кај Брајтон. Во натпревар од 19.коло на Премиер лигата, Брајтон славеше против Тотенхем со 4-2.

Домаќините одиграа одлично прво полувреме во кое остварија и два гола предност.

Уште во 11-минута по акцијата на Жоа Педро, на вистинското место се најде Хиншелвуд за водство од 1-0. Бразилецот, Педро беше сигурен егзекутор на најстрогата казна во 23-тата минута за 2-0 за Брајтон.

Во вториот дел односно 64.минута, Еступинан со ефектен волеј удар од далечина, зголеми на 3-0. Веќе во 76.минута Педро со вториот гол (повторно од пенал) му донесе на Брајтон недостижна предност од 4-0.

Иако во продолжението гостите постигнаа два брзи гола преку Велиз (81) и Дејвис (86), сепак немаа време да се спасат од пораз.

Со тоа Брајтон ја прекина низата на Тотенхем од три победи едно по друго. По овој пораз Тотенхем наместо да се пробие на 3.место на табелата, остана на петата позиција.

Брајтон пак сега има 30 бодови и изби на 8.место пред Њукасл.

Standings provided by Sofascore