Фудбалерите на Интер се израдуваа на 130-тата победа сезонава во Серија А. 

На гостувањето на „Олимпико“ во Рим кај Лацио, тимот на Интер славеше со 2-0. 

До новите бодови „неро-азурите“ стигнаа со головите на Лаутаро Маринез (40) и Маркус Турам (66.минута). 

Со 41 бод Интер е лидер на табелата, но сега има четири повеќе од Јувентус кој вчера одигра „реми“ со Џенова. 

Лацио пак е предводник на вториот дел од табелата со 21 бод.