Екипата на Пелистер ја оствари деветтата победа во Првата машка кошаркарска лига. Во воведниот натпревар од 12.коло, пелистерци во Битола славеа во дуелот со Гостивар со 89-88.
Клучен се покажа вториот период од натпреварот, а домаќините за малку од готово ќе направеа вересија.
По добро одиграната прва четвртина која гостиварци ја добија со 29-26, во вториот гостите постигнаа само 6 поени. Пелистерци ја добија четвртината со 23-06 и на пауза заминаа со +14 (49-36).
Во третиот период Гостивар успеа да намали дури осум од негативата па во последниот период се влезе со резултат 69-63 за Пелистер. Во последната четвртина гостиварци постојано ја бркаа негативата, а на 16.секунди до крајот до тројката на Вилијамс стигнаа до -1 (87-86). Малком Бернард од двете слободни фрлања реализира едно (88-86). Во следниот напад на Гостивар, Митевски погоди две слободни фрлања за израмнување на 88-88.
Во последниот напад Андреј Магдевски ја презеде одговорноста и на 6.секуни до крајот беше фаулиран. Магдевски гои погоди првото, и промажи второто фрлање, но му донесе победа на својот тим со 89-88.
Во победничката екипа најефикасен беше Планиниќ со 22 поени, додека Бернард постигна 16. Кај Гостивар за кого ова е трет последователен, а вкупно осми пораз, најпрецизен беше Вилијанмс со 22 поени.
Покрај мечот во Битола, вечерва се игра и натпреварот меѓу шампионот МЗТ Скопје и Кожув, а утре се среќаваат ТФТ и Работички.
Овие натпревари се играат порано од останатите порази настапите на МЗТ, Пелистер и ТФТ следната седмица во АБА2 лигата.
Останатите натпревари на програмата се викендов, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
Среда
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР
19.00 МЗТ СКОПЈЕ А.– КОЖУВ во тек
Четврток
18.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ
Сабота
18.00 ОХРИД – ВАРДАР
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – ЧАИР
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бодови, Пелистер 20, Еуро Никел 19, Работнички 18, Чаир 18, ТФТ 18, Феникс 17, Гостивар 16, Кожув 14, Вардар 14, Охрид 12, Академија ФМП 11,