Шампионот МЗТ Скопје Аеродром очекувано славеше триумф во дуелот со гевгелиски Кожув. Во натпреварот од 12-тата рунда на Првата лига, МЗТ го победи Кожув со 79-65.

Уште во првата четвртина сино-белите го најавија триумфот, добивајќи го тој период со 15 разлика 26:11.

Војдан беше прв стрелец кај победникот со 18 поени, додека Ворку оствари дабл-дабл со 12 поени и 10 скока.

Иако во поразената екипа дири петмина играчи беа двоцифрени (Слејтер најмногу 14 поени) тоа не беше доволно да се избегне деветтиот пораз.

Претходно денеска, Пелистер во неизвесна завршница беше подобар од Гостивар. 

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
Среда
МЗТ СКОПЈЕ А.– КОЖУВ 79-65
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 89-88
Четврток
18.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ (МРТ3)
Сабота
18.00 ОХРИД – ВАРДАР
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – АКАДЕМИЈА ФМП
20.00 ФЕНИКС – ЧАИР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Еуро Никел 2005 19, Работнички 18, Чаир 2030 18, ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17, Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 14, Навико Академија ФМП 13, Охрид 12.