Екипата на Баер Леверкузен со ново реми ја продолжи кризата. По неуспехот минатата недела, оваа против Штутгарт беше оној што им одземаа два бода на популарните „фармацефти“.  Натпреварот во Штутгарт заври без победник 1-1.

Првиот дел припадна токму на домаќините. Повеќе игра имаа фудбалерите на Штутгарт, а во 40-та минута тоа вроди плод со голот на Фукрих.

Леверкузен веднаш врати, на самиот старт на вториот дел преку Флориан Вирц. Но, тоа беше единствено што гостите го направија до крајот на натпреварот.

Баер Леверкузен и натаму е лидер во Бундеслигата сега со 36 бода. Баерн Минхен е втор со 32 бода, но и натпревар помалку, а  Штутгарт ја држи цврсто позицијата број 3 со 31 бод.

Андреј Велјаноски