Најдобрата скијачка на сите времиња, Микаела Шифрин ја оствари трета победа во новата сезона на Светскиот куп.

До својата 91-ва победа во кариерата во Светскиот куп, Шифрин стигна за 15 стотинки побрзо од Италијанката, Софија Гоџа кој вчера триумфираше во супервелеслалом.

Покрај нив на подиумот  Федерика Брињоне која заостана 17 стотинки зад победничката.

Во севкупниот генералниот пласман Шифрин е лидер сега со 620 бодови, пред  Брињоне која има 425, додека трета е Лара Гут-Бехрами со 405 бода.

Утре на исто место, дамите повторно ќе се натпреваруваат во супервелеслалом.