Софија Гоџа е победничка на првата во супер велеслалом сезонава во Светскиот куп во алпско скијање. Италијанката беше најбрза на супер велеслаломот одржан во Сент Мориц, Швајцарија.

До првата победа во оваа дисциплина, а по пауза од две години, Гоџа стигна во време од 1:16,63 минути. Тоа беше за 95 стотинки беше побрза од Корнелија Хутер од Австрија, додека трета заврши, Швајцарката, Лара Гут-Бехрами.

Утре во истиот ски-центар, ќе се вози спуст, а в недела е уште една трка во супер велеслалом.

Во генералниот поредок лидер е Микаела Шифрин со 520 бодови која денеска беше четврта. Зад неа следува Петра Влхова со 391 бод, додека Гут-Бехрами има 385 бодови.