Доскорешниот прволигаш екипата на КК Куманово 2009 е пред сериозен испит до крајот на сезоната. Тимот кој годинава настапува во Втората лига во кој и по деветте кола нема ниту една победа е пред исклучување.

Кумановци минатиот викенд не го одиграа натпреварот со Ангели и тоа на домашен терен.

Нема кошарка во Куманово !

За тоа тие се парично казнети со 30.000 денари, а останаа и без еден бод помалку.

Но, доколку не одиграат уште еден натпревар, тоа автоматски ќе значи и исклучување од лигата.

Потсетување дека оваа екипа долги години беше во Првата лига, но и повеќепати во самиот врв и борба за највисок пласман. Откако лани испаднаа од прволигашкото друштво, сега мака мачат во Втората лига.

Куманово 2009 утре (сабота) гостуваат во Скопје, кај Водно Санс во воведниот натпревар од 10-тото коло.