Екипата на Јувентус го победи актуелниот шампион Наполи и изби на првото место на табелата во Серија А. 

Дерби натпреварот од 15.коло, одигран во Торино, му припадна на домашниот тим со 1-0.

По релативно не интересното прво полувреме во кое двете екипи повеќе мислеа на својот отколку на противничкиот гол, второто донесе по возбудлив фудбал. 

За тоа првенствено се погрижија домаќините кои со голот на Федерико Гари во 51-та минута поведоа со 1-0. Во продолжението гостите се обидуваа да стигнат до израмнување. Виктор Осимен постигна гол (71), но беше поништен поради офсајд. 

Јалови беа обидите на Наполитанците, па резултатот остана не променет. 

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас влезе во игра во вториот дел и одигра триесетина минути.

Со освоените бодови и вкупно 36 избива на 1.место на табелата со бод повеќе од Интер кој утре го пречекува Удинезе. 

Наполи со 24 бодови засега останува на 5.местпо во исчекување на натпреварите на Фиорентина и Болоња.