Eкипата на Фиорентина е вториот четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Италија.

Ова откако вечерва во осминафиналниот меч одигран во Фиренца, домаќините го елиминира тимот на Парма по подоброто изведување на пенали.

Супер интересен и неизвесен натпревар одиграат овие екипи. Гостите за само две минути создадоа два гола предност со головите на Бернабе и Бони.

Затоа пак домаќините ја вратија неизвесноста во самиот финиш. Нзолка во 83-тата намали на 1-2, а Соти од пенал во 89-тата го израмни резултатот.

Во продолженијата немаше голови, па се изведуваа пенали.

Повеќе среќа, но и нерви имаа домаќините кои со конечни 6-3 (4-1 на пенали) славеа триумф.

Така Фиорентина во четвртфиналето му се придружи на Лацио кој вчера беше подобар од Џенова со 1-0.

Во останатите осминафинални натпревари ќе играат
19.дек. НАПОЛИ – ФРОСИНОНЕ
20.дек. ИНТЕР – БОЛОЊА
02.јан.24 МИЛАН – КАЊАРИ
03.јан.24 АТАЛАНТА – САСУОЛО
03.јан.24 РОМА – КРЕМОНЕЗЕ
04.јан.24 ЈУВЕНТУС – САЛЕРНИТАНА