Одбојкарскиот шампион на Македонија, тимот на Струмица го продолжува својот настап на европската сцена.

Откако струмичани без победа ја завршија квалификациската рунда во Лигата на шампионите на турнирот во Бургас, сега продолжуваат во 1/16-финалето на ЦЕВ Купот.

Противник на Струмица е екипата на СВД Пауарволеј Дурен од Германија.

Првиот натпревар ќе се игра на денеска од 19 часот во Струмица. Реваншот е седум дена подоцна (30 ноември од 19 часот) на теренот на противникот.