Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата јубилејна 400-та недела на врвот на АТП листата.

Првото место на чело на АТП листат до крајот на годината го обезбеди со брилијантниот настап на завршниот мастерс во Торино на кој триумфираше седми пат во кариерата.

Најдобриот тенисер на сите времиња со триумф и трофеј на 36-годишна возраст ја заокружи една од најуспешните сезони во кариерата.

Никој не е ни блиску до Новак по времето поминато на врвот на АТП листата. Второ рангираниот на вечната листа Роџер Федерер мина 310 недели на врвот.

Ѓоковиќ има 11.245 бодови на новата АТП листа. Тој на првото место ќе остане до Австралија Опен, бидејќи неговата предност пред Карлос Алкараз сега е 2.390 поени.

На третото и четвртото место се Данил Медведев со 7.600 и Јаник Синер со 6.490 бодови. Листата на првата петорка ја завршува Андреј Рубљев со 4.805 поени.

Новак има 24 грен слем титули, 40 титули на Мастерс, осум пати ја заврши годината како најдобар во светот.