Кошаркарите на ТФТ го претрпеа четвртиот пораз во АБА2 лигата

Ова откако попладнево во натпревар од 5.коло, на турнирот во Златибор, ТФТ го загуби од словенечкиот Хелос со 63-70.

Во интересен натпревар двата тима имаа свои добри периоди на игра. Првиот им припадна на кошаркарите на Хелиос (17-20), а вториот на ТФТ (23-13), па на полувреме нашиот претставник замина со седум поени предност (40-33).

Иста слика и во третата четвртина, која ТФТ во најголемиот дел ја мина во позитива. Сепак на крајот на 30-тата минута словенечката екипа со тројка поведе (50-53).

Во последната четвртина ТФТ беше во предност се до (58-55), а потоа голем пад во играта. Македонскиот тим постигна само пет поени до крајот и загуби со 63-70.

Со тоа ТФТ вториот турнирот во Златибор го заврши со една победа над Цедевита јуниор и два порази денеска од Хелиос и претходно од Пелистер.

А, пелистерци од 18 часот ќе излезат на паркетот, каде ќе го одиграат својот меч од 5.коло против домашната екипа на Златибор.