Македонија утревечер пред своите симпатизери во Скопје ќе го заокружи циклусот на квалификации за Европското првенство во Германија следната година. На „Тодор Проевски“ гостува европскиот вицепрвак Англија.
Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција ги изнесе своите очекувања.
Во последните 5 натпревари осетивме многу осцилации што е нормално. Нормално е во тим кој има многу млади играчи. Овие натпревари со можеби и најдобрите во свет се одлична прилика да ги покажеме своите можности.
Секоја част за момците кои даваат повеќе од максимум за подобра игра на нашата репрезентација. Имавме одличен ритам во второто полувреме против Италија. Исто така, замените ја направија подобра нашата игра.
Ова ќе биде тежок натпревар, но нашите играчи имаат проблеми со играта во нивните тимови, но се надеваме дека ќе го подобриме тоа и ќе дадеме се од себе. Не е лесно да се вратиш од 3 гола негатива против репрезентација како Италија. Секако дека учиме од секој натпревар како и оној на „Олд Трафорд” .
Веќе и нашиот тимот има друга слика. Со многу млади играчи желни за докажување кои внесоа нова енергија во нашата репрезентација. Ќе почекаме да ја видиме целовкупната слика на играчите по тренингот денеска.
Имаме цел како репрезентација, а тоа е одлично да се подготвиме за понатамошните натпревари во Лигата на нации.
Самиот факт што се тука и ја претставуваат својата репрезентација е доволно за нив за утре да покажеме квалитетна игра и позитивен резултат“, изтакна Милевски
Натпреварот Македонија – Англија ќе се игра утревечер со почеток од 20:45 часот.