Македонија помина неславно на „Олд Трафорд“ и прими дури седум голови во првиот натпревар протув Англија во квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Утревечер на „Тодор Проевски“, македонските фудбалери ќе имаат нова можност да покажат дека тоа било само лош ден.

Ова меѓу другото го изјави голманот Димитриевски кој имаше најмногу работа на гостувањето во Англија.

„Натпреварот на „Олд Tрафорд“ беше многу тежок за нас. Со нашите квалитети не е реален резултатот. Но, тоа може да му се случи секому.

Утре е нов натпревар, ново докажување и нова шанса да потврдиме дека на тој натпревар не бевме вистинските.

Верувам дека ќе покажеме многу подобра, дека ќе се покажеме во подобро светло.

Се надевам дека ќе биде интересен натпревар“, изјави Димитриевски.

Утрешниот дуел меѓу Македонија и Англија ќе се игра во вечерниот термин од 20.45 часот.