Ракометна Битола попладнево и вечерва можеше да следи два натпревара од 11.коло од Супер лигата. Шампионот Еурофарм Пелистер го декласираше Вардар Неготино со 38:14 (18:7), додека Охрид ја совлада екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 29:19 (15:7).

Првакот до победата стигна без многу проблеми, односно резултатот втор и последен пат беше изедначен 2:2. Само еден тим играше, но двата требаа да ја завршат својата обврска. Убедливата победа беше запечатена со серијата од 6-0 на крајот на дуелот кога од 32:14, дуелот заврши 38:14. Куриозитет е и тоа што Петар Атанасијевиќ постигна исто голови како и комплетниот состав на Вардар Неготино.

На вториот дуел слична слика, само не така убедливо. Охрид имаше водство во текот на целиот натпревар, а најефикасен беше Теимраз Орјоникидзе со 8 голови.

11.то коло ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Голден Арт и Бутел.